Хрватски новинар при истражување успеал без проблем да купи „калашников“ на црниот пазар

Откако минатиот викенд Филип Завадлав во Сплит уби три лица со автоматска пушка, новинари од загрепскиот „Јутарњи лист“ истражувале дали е тешко да се набави автоматска пушка „калашников“ (АК-47) на црниот пазар.

 

По само 50 часа од почетокот на истражувањето, новинарите во својот автомобил веќе иамале АК-47, односно неговата верзија од Крагуевац, една рамка полна со куршуми и продолжение на цевката за тромблон.

 

„Ете, купивме автоматска пушка на црниот пазар. Поинаку тоа не можевме да го сториме бидејќи употребата на ова оружје е забрането за граѓаните и легално не може да се купи“, рекол новинарот Марио Пушиќ.

 

Тој објаснил дека автоматот го купиле во центарот на Карловац и за него платиле 600 евра.

 

„Исто како нас, ова може да го направи секој. Меѓутоа ние веднаш го предадовме оружјето во полиција, а многумина можат да го искористат за лоши работи“, посочил новинарот на „Јутарњи лист“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.