76 см снег во Канада, армијата им помага на луѓето

Предупредувањата за големо невреме и прогласената вонредна состојба во Канада не беа преценети. Источните провинции се преплавени со снег, кој на одредени места достигнува и до 80 см.

 

Во неколку градови се измерени најголемите акумулации од почетокот на 21 век. Ветерот дува со брзина од 120 км на час.

 

Едно лице исчезна, а околу 20,000 претплатници се без струја, но властите велат дека дефектите брзо ќе се санираат. Владата на Отава испрати дополнителна опрема, па дури и  војници во источните провинции за да помогнат во расчистување на патиштата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.