Унгарија не планира да ја напушти Европската Унија

Унгарија учествува во дебати за иднината на Европската Унија затоа што е заинтересирана да ја зајакне, а не затоа што ја истражува можноста за нејзино напуштање, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, за ТАСС.

 

„Не, тоа се глупости“, одговори тој на прашањето дали има основа за прогнози дека Унгарија може да постави курс кон заминување од ЕУ.

 

„Се разбира дека не сакаме да ја напуштиме ЕУ. Ние сме заинтересирани за силна Европска Унија и мислиме дека таа мора да се заснова на силни земји-членки. За да ја направиме ЕУ повторно силна, учествуваме во тие дебати, кои се за иднината на ЕУ “.

 

Односите меѓу Унгарија и раководните тела на ЕУ се затегнаа во 2018 година во услови на мигрантската криза. Будимпешта се спротивстави на предложените квоти за бегалци. Европскиот парламент ја обвини Унгарија дека се оддалечува од демократските принципи и го советуваше Советот на ЕУ да ѝ изрече казни.

 

Наспроти тоа, некои медиуми и експерти излегоа со прогнози во кои се вели дека Унгарија би можела да ја напушти ЕУ, следејќи го примерот на Велика Британија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.