„Форбс“ повторно ја избра Меркел за најмоќна жена во 2019

На листата на „Форбс“ за „Најмоќна жена во 2019 година“ е избарана германската канцеларка Ангела Меркел. Секоја година „Форбс“ креира листа, составена од највлијателните женски лидери во светот, од областа на бизнисот, политиката и забавата.

 

Меркел веќе деветта година по ред ја предводи листата на Форбас за најмоќна жена, а изданието ја пофали „нејзината челична резервираност, од тоа да се спротистави на Доналд Трамп, до тоа да дозволи влез на повеќе од милион сириски бегалци во Германија“.

 

На второ место на листата е претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, која претходно беше директорка на Меѓународниот монетарен фонд. Зад неа е Ненси Пелоси, која е првата жена – претседателка на американскиот Конгрес од 2007 година.

 

Тинејџерката Грета Тунберг, која „Тајм“ ја прогласи за личност на годината, на листата на „Форбс“ е на 100. место.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.