Топењето на глечерите на Гренланд го подигна нивото на морето 11 милиметри

Топењето на ледената покривка на Гренланд го подигна нивото на морето 10,6 милиметри од 1992 година, објавија научниците во списанието „Нејчр“.

 

Речиси 3.800 тони мраз се стопи од 1992 до 2018 година и се влеа во морето, објави група од 89 научници од 50 меѓународни организации.

 

Утврдено е дека Гренланд губи мраз седум пати побргу отколку во 90-тите години. Меѓународниот тим дојде до овој резултат со преглед на сите сателитски снимки забележени во период од 26 години. Истражувањето го водеа Ендру Шепард од Универзитетот во Лидс и Ерик Ивинс од НАСА-лабораторијата во Пасадена.

 

Ако мразот на Гренланд продолжи да се топи со ова темпо, нивото на морето би можело да се искачи 20 сантиметри до 2100 година.

 

Милиони луѓе што живеат во пониските крајбрежни региони се изложени на ризик од поплавување.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.