По ерупцијата на вулканот на Нов Зеланд 11 австралиски државјани се водат како исчезнати

Единаесет државјани на Австралија се водат како исчезнати, додека 13 се хоспитализирани по ерупцијата на вулканот на Нов Зеланд, изјави австралискиот премиер, Скот Морисон.

 

Се претпоставува дека тројца од петте жртви од ерупцијата се австралиски државјани, истакна Морисон.

 

„Стравувам дека информациите ќе бидат и полоши во текот на денешниот или следните денови. Ова е ужасна трагедија“, додаде австралискиот премиер.

 

Вкупно 24 австралиски државјани, на возраст од 17 до 72 години, биле дел од групата, која со крузер пристигнала на белиот остров да го истражува вулканот кога дојде до негово активирање. Повредените се распоредени во неколку новозеландски болници.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.