Силен земјотрес ја стресе Аргентина
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 20 Ноември 2019
Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени ги погоди централните делови од Аргентина, а властите наведуваат дека засега нема извештаи за евентуална штета или повредени.
Американскиот геолошки институт објави дека потресот бил регистриран синоќа, на 63 километри југозападно од градот Сан Луис, на длабочина од 10 километри.
Аргентинските медиуми известија дека потресот најмногу бил почувствуван во провинциите Сан Луис, Мендоза и Сан Хуан.
Земјотресот го почувствувале и жителите на Буенос Ајрес и Росарија.
Тие на социјалните мрежи споделија видео снимки на кои се гледа како се ништаат лустерите во становите, пренесе „АП“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс