Милиони евра за реставрација на базиликата „Свети Марко“ по поплавата

За базиликата „Свети Марко“ во Венеција ќе бидат потребни милиони евра за реставрација кога неделава беше поплавена шести пат во 1.200 години, изјави нејзиниот кустос.

 

„Свети Марко“ е најпознатиот објект во мноштвото споменици што беа загрозени од најтешките поплави регистрирани во Венеција од 1872 година досега. Експертите стравуваат од корозивните кристали на солта, кои кога се повлекуваат поплавите, може да ги разјадат мермерниот под и мозаиците и да ја ослабнат криптата што го поддржува телото на црквата.

 

Венеција претрпе штета од стотици милиони евра во поплавите што го погодија градот изминативе денови.

 

Осигурителните компании соопштија дека нема да даваат отштета затоа што одбиваат да обезбедат покриеност од поплави во град каде што тоа е редовна појава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.