Бугарите бараат од Трамп авиони Ф-35 и пат на Месечината

Авиони Ф-35, укинување на визите, инвестиции и пат на Месечината се потенцијалните теми на разговор во текот на посетата на бугарскиот премиер Бојко Борисов на САД, изјави поранешниот шеф на бугарската дипломатија, Соломон Паси, за бугарската национална телевизија (БНТ).

 

Најпрво треба да се покрене прашањето за понатамошен развој на бугарското вoоружување, пред се за купување Ф-35, рече Паси.

 

Бугарија купи авиони Ф-16, но треба да размисли и за купување авиони од следната генерација.

 

„Авионите Ф-35 масовно се појавуваат и во Пентагон и насекаде во светот, така што Бугарија треба да размислува стратешки, 10-15 години однапред,“ посочи Паси.

 

Тој исто така смета дека на Бугарија ѝ е потребно поголемо воено присуство на САД во Црно Море.

 

„Тоа е нешто што може да ги попречи нападите од Путин. Освен тоа, Борисов треба да побара од претседателот Доналд Трамп, САД да ги вклучат Бугарите во својата наредна мисија на Месечината“, рече Паси.

 

Тој нагласи дека треба да се покрене прашањето за укинување на визите, зголемување на американските инвестиции и исполнување на дамнешниот сон на Бугарија- да испрати човек на Месечината.

 

„Сега е вистинско време да се премине на реализација на стариот бугарски сон во нашите билатерални односи, да испратиме космонаут со мисијата на НАТО“, нагласи Паси.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.