Објавени конечните резултати од изборите во Косово, Курти е победник
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 07 Ноември 2019
Централната изборна комисија на Косово ги објави конечните резултати од предвремените парламентарни избори што се одржаа пред еден месец.
Според нив, Движењето Самоопределување освои 26,15 отсто од гласовите, Демократскиот сојуз на Косово 24,49 отсто, а Демократската партија на Косово 21,19 отсто од гласовите.
Српска листа освои повеќе од 6 отсто од гласовите. Коалицијата НИСМА - Алијанса за ново Косово не го помина цензусот од пет отсто.
Според конечните резултати, Албин Курти, кандидат за премиер на Движењето Самоопределување, освои најмногу гласа - 183,868, следи кандидатот на ДСК, Вјоса Османи со 176, 188 гласа.
Третиот кандидат по бројот на гласови е претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели, со 146,763 гласа.
Досегашниот премиер Рамуш Харадинај, лидер на Алијансата за иднина на Косово, освои 75,917 гласа.
По денешното објавување на конечните резултати се очекува и постигнување конечен коалициски договор меѓу Самоопреледување и ДСК.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс