(Видео) Започна спасувањето на заробените китови белуга, ги креваат со кран и ги спуштаат во океанот

Научниците почнаа да утоваруваат  50 китови белуга на брод, со цел да бидат пуштени во океанот.

 

Судбината на овие животни се појави на насловните страници откако приватна компанија ги фатила и со месеци ги чувала во лоши услови.

 

Возрасен бел кит може да тежи околу 1.600 килограмии, така што научниците морале да користат кранови за да качат шест китови на истражувачки брод.

 

 

Утоварувањето е стопирано поради влошување на времето во Заливот на рускиот Далечен Исток, операцијата ќе продолжи веднаш штом ќе се подобрат условите.

 

Планирано е со две пловила китовите да се донесат во природниот резерват во Јапонското Море, каде што ќе бидат пуштени во нивното природно живеалиште, со што ќе се стави крај на таканаречениот прогон „затвор на китовите“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.