Ердоган ќе ја продолжи акцијата ако не се почитува договорот! Директно од границата за МТМ известува Јусуф Емин (ВИДЕО)

Ердоган, пред денешната средба со рускиот претседател во Сочи, изјави дека ќе разговара со Путин како може сирискиот уставен комитет, кој треба да се состане на крајот на месецов, да придонесе за конкретен напредок, пренесува Ројтерс.

 

Турскиот претседател со Путин ќе се состане на крајот на денов, кога истекува петдневниот прекин на огнот во северна Сирија, договорен со американската администрација, за тамошните Курди да се повлечат на 32 километри од границата со Турција.

 

Турскиот новинар Јусуф Емин за МТМ денеска известува за вчерашната состојба во пограничното место Акчeкале.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.