Помпео: Територијата на Ирак не е користена за напади

Откако Ирак демантираше дека неговата територија е користена за извршување напади врз нафтени објекти во Саудиска Арабија, американскиот државен секретар Мајк Помпео истакна дека САД располагаат со информации кои ги потврдуваат наводите на Багдад.

 

Помпео тоа му го пренесе на ирачкиот премиер Адел Абдул Махди во телефонски разговор.

 

– Американскиот државен секретар истакна дека информациите со кои располагаат САД ги потврдуваат наводите на ирачката Влада дека територијата на Ирак не е користена за извршување на тие напади, се наведува во соопштението од кабинетот на ирачкиот премиер.

 

Јеменските бунтовници Хути, кои се поддржани од Иран, ја презедоа одговорноста за нападот врз нафтениот гигант „Сауди Арамко“, што предизвика блокирање на производството на нафта на повеќе од половина светски дневен извоз на Саудиска Арабија и над пет отсто од дневното светско производство на сурова нафта.

 

САД објавија сателитски снимки, како и разузнавачки информации, дека Иран е виновен за нападите врз саудиските нафтени постројки.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.