Сноуден се надева дека Макрон ќе го одобри неговото барање за азил

Едвард Сноуден, неодамна откри дека би сакал да побара азил во Франција.

 

Тој изјавил дека поднел барање за азил во Франција во 2013 година, за време на претседателството на Франсоа Оланд, но за медиумите додал дека се надева оти претседателот Емануел Макрон ќе го одобри неговото барање.

 

Како што посочуваат медиумите, над десетина земји до сега „одбиле апликации“ да го прифатат Сноуден.

 

Сноуден премиерно ќе ја промовира книгата - мемоари насловена „Постојан рекорд“ на 17 септември - истиот ден кога беше создаден последниот нацрт на Уставот на САД пред повеќе од два века.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.