Планирано родителство ја напушта федералната програма Поглавје 10

Планирано родителство, најактивната американска група која се бори за право на абортус и нуди репродуктивни здравствени услуги, ја напушти федералната програма за контрола на раѓањето повикувајќи се на неетичност во новите правила за абортус воведени од Администрацијата на Доналд Трамп.

 

Федералната грант-програма, наречена Поглавје 10, датира од 1970 година, е наменета за финансирање клиники за контрола на раѓањето и други практики од превентивната и репродуктивна медицина.

 

Планирано родителство излезе од програмата бидејќи новото правило наметнато неодамна од Администрацијата забранува клиниките, корисници на грантовите, да издаваат упати за абортус на пациентки.

 

Планирано родителство се состои од 159 медицински и немедицински установи кои управуваат со над 600 здравствени клиники во САД. Групата е дел од Меѓународната федерација на планирано родителство.

 

Групата досега добиваше 60 милиони долари годишна помош од федералната програма, најголем грант што го примала некоја клиника, за обезбедување пристап на пациентите до контрацепција, тестови за бременост и за сексуално преносливи болести, за скенирање за рак на дојката, обезбедува третмани за неплодност и дава други услуги, пред се на жени со ниски примиња и припаднички на малцинствата.

 

Во некои провинциски места на САД како во сојузната држава Јута, клиниките на Планирано родителство се единствени кои нудат такви здравствени услуги.

 

Од групат изјавија дека нивната мисија е во спротивност со новото правило, означувајќи го како „неетично“ и „мешање во односот доктор-пациент“.

 

-Неетичноста на правилото наредува што болниците треба да им кажат на пациентите. Затоа е важно да не учествуваме во оваа програма, изјави Алексис МекГил Џонсон, директорот на Планирано родителство.

 

Додаде дека токму овие социјално загрозени слоеви најмногу ќе бидат погодени со ова.

 

Групата вели дека нивните клиники ќе останат отворени, но дека ќе мора да најдат пари да ги надоместат загубените федерални грантови.

 

Групите кои се борат против абортусот во САД се задоволни од ваквата одлука. Оттаму одамна повикуваат Владата да престане да ја финансира организацијата Планирано родителство.

 

-Ова е долгоочекувана победа која ќе ги поттикне обичните луѓе за заштита на мајчиниот плод, изјави Џин Манцини, претседателка на групата Марш за живот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.