Полицијата во САД викендов спречила три можни масовни пукања

Американската полиција во текот на викендот спречи три возможни масовни пукања наводно планирани од тројца поединечни лица во три сојузни држави, јави „Си-Ен-Ен“.

 

Сите тројца осомничени се на возраст од 20 до 25 години и биле пријавени во полицијата од нивни познаници.

 

Според полицијата, 22-годишниот Брендон Вагшол од Конетикат, на социјалата мрежа Фејсбук изразил интерес да изведе масовно пукање. Федералното биро за истраги (ФБИ) подоцна во неговиот дом открило муниција и лицето сега е во притвор со кауција во висина од 250 илијади долари. Според локалната полиција во Норвок, Вагшол се обидувал да направи пушка во домашни услови.

 

Тристан Скот Викс (25) од Дејтона Бич, Флорида, наводно пратил порака до својата девојка дека „добри 100 убиени е фина работа“. Во друга порака наводно го навел и местото на можниот напад. Во неговиот апартман полицијата конфискувала ловечка пушка и 400 патрони за неа. Викс бил задржан на паркинг и приведен без можност да се брани од слобода.

 

Џејмс Патрик Реардон, 20-годишник од Охајо, бил уапсен поради наводна закана да изврши напад врз еврејски општински центар во Јангстаун. Тој постирал видео на Инстаграм во кое лице пука од оружје а на постот бил тагиран еврејскиот центар во Јангстаун.

 

Во коментарите под постот е објавена фотографија на Реардон како стрела од оружје и пораки од припадници на групите за супремација на белата над црната раса. При упад во неговиот дом ФБИ запленило многу оружје и муниција.

 

Според експертите, трите случаи се неповрзани, а лицата биле агитирани од радикалното десничарско движење и групите во САД кои промовираат супремација на белата раса.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.