Џонсон ги повика Германија и Франција да направат компромис за „Brexit“

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ги повика Германија и Франција да направат компромис за „Brexit“. Тој предупреди дека Велика Британија ќе биде подготвена да ја напушти Европската унија без договор на 31 октомври, доколку е потребно, пренесоа британските медиуми.

 

"Ќе бидеме подготвени да излеземе на 31 октомври - со или без договор. Секако, нашите пријатели и партнери преку каналот покажуваат мала неподготвеност да ја променат својата позиција - одлично, сигурен сум дека ќе го сторат тоа", им рече Џонсон на новинарите .

 

На прашањето што со  неговата посета на Берлин и Париз пред крајот наоваа недела, Џонсон одговори: „Се надевам дека направиле компромис - го видоа британскиот парламент трипати да го отфрли договорот за излез, заштитната мерка едноставно не работи, не е демократска. Се надевам дека сметаат дека е соодветно време за компромис“.

 

„Сакам договор, ние сме подготвени да работиме со нашите пријатели и партнери за да добиеме договор, но ако сакате добра зделка за Велика Британија, мора во исто време да бидете подготвени да излезете и без него“, заклучи тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.