Трамп: САД може да победат во војната во Авганистан за една недела, но ќе умрат 10 милиони

"Не сакам да одам на овој пат", рече американскиот претседател.

 

Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД може да победат во авганистанската војна по речиси 18 години за само една недела, но тоа би значело дека премногу луѓе треба да бидат убиени, објавија светските агенции.

 

"Можам да ја добијам војната за една недела, едноставно не сакам да убијам 10 милиони луѓе", рече Трамп пред состанокот во Белата куќа со пакистанскиот премиер Имран Кан, чија земја се смета за клучен фактор во градењето на мирот во соседен Авганистан.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.