Солзавец и гумени куршуми против демонстрантите во Хонг Конг (ФОТО)

Хонгконгшката полиција употреби солзавец и гумени куршуми за да ги растера антивладините демонстранти, објавија светските агенции.

 

Поранешната британска колонија повторно стана центар на демонстрантите против законот со кој им се дозволува на луѓето да бидат екстрадирани во Кина. Лидерката на владата Кери Лам објави дека законот ќе се повлече, но демонстранти се незадоволни од тоа што се уште не е направено официјално повлекување, забележуваат американските медиуми. Некои од нив, исто така, инсистираат на тоа Кери Лам да поднесе оставка.

 

Илјадници луѓе се собраа на протест пред претставништвото на кинеските власти во Хонг Конг за да го искажат своето незадоволство од она што го доживуваат како дел од посериозното посегање против слободите на Хонг Конг од страна на Пекинг.

 

Пред да бидат растерани, демонстрантите фрлаа си јајца и пишуваа графити на фасадата на кинеското претставништво. Организаторите на денешните демонстрации рекоа дека учествувале 430.000 луѓе.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.