Најмалку 20 лица се повредени во десетици шумски пожари во Португалија (ФОТО)

Најмалку дваесет лица се повредени, a едно е во лоша состојба. Дванаесет од ранетите се обиделе самите да го изгаснат огнот. Осум пожарникари се исто така повредени.

 

Речиси цел град е евакуиран, а најмалку 800 пожарникари се борат со пламените јазици, со помош на 14 авиони и хеликоптер.

 

Огнот гори во близина на градот Кастело Бранко, 220 километри североисточно од главниот град Лисабон. Полицијата почна да истражува дали огнот е намерно запален.

 

Во 2017 година огромен оган уби 64 лица и рани стотици, недалеку од сегашната катастрофа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.