Илјадници пожарникари се борат со шумските пожари во Португалија

Илјадници пожарникари се борат со  шумските пожари во централниот дел на Португалија, објавија агенциите.

 

Во пожарите до сега се повредени осум пожарникари и еден цивил.

 

Португалската служба за цивилна заштита денеска соопшти дека пожарникарите се борат против огнот на три фронта во областа Канутел Бранку, 200 километри североисточно од главниот град Лисабон. Според информациите, на пожарникарите им помагаат стотина почжарни и десет специјализирани авиони. Ова е прв сериозен шумски пожар во Португалија оваа година.

 

Во последниве години, имаше неколку фатални пожари во Португалија, како што беа оние во 2017 година, во кои загинаа 106 лица. Бројот на жртвите потоа ја поттикна португалската влада да преземе посериозни мерки за спречување и борба против пожари, со што минатата година немаше шумски пожари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.