САД: Постојат ризици за комерцијалните летови над Персискиот Залив

Американски дипломати ги предупредија комерцијалните авиокомпании чии авиони летаат над реонот на Персискиот Залив, дека се соочуваат со ризик нивните летала да бидат „погрешно идентификувани" и да бидат цел на напад.

Во услови на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, САД го засилија своето воено присуство во регионот испраќајќи дополнителен број бродови вооружени со крилести проектили, додека Иран распореди нови противвоздушни ракети на бреговите на Персискиот Залив.

 

Во исто време, Лондонската агенција за поморско осигурување вчера ги прогласи водите на Персискиот Залив и околу бреговите на Обединетите Арапски Емирати и Оман за зона со висок ризик.

 

Над Персискиот Залив минуваат главните воздушни траси за комерцијални летови меѓу Истокот и Западот, а низ него се превезува и околу една третина од нафтата што се произведува во светот. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.