Градоначалникот на Њујорк најави кандидатура за претседателските избори

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио најави во видео порака дека ќе се кандидира за претседателските избори во САД.

 

Педесет и осум годишниот член на Демократската партија би можел да има потешкотии да се издвои меѓу бројните демократи, посебно левичарски ориентираните, кои најавија дека ќе се натпреваруваат за партиската номинација за претседателски кандидат на изборите во 2020 година.

 

Де Бласио се соочува со скептичност и во Њујорк, каде 76 отсто од граѓаните сметаат дека тој не треба да се кандидира.

 

Тој ги отфрли лошите резултати од анкетите, верувајќи дека неговата порака за борба против финансиска нееднаквост ќе најде одѕив кај обичните Америкаци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.