Британски авиони над Балтикот пресретнаа руски воени авиони

 Британските авиони „Јурофајтер тајфуни" денеска пресретнаа два „Сухој – 27" и „Иљушин – 22" над Балтикот и ги следеле кон Русија, соопшти британското Министерство за одбрана.

 

„Тајфуните" пресретнаа иста формација авиони и во вторникот, кога руски авиони летале долж балтичкиот брег кон Калинград.

 

Велика Британија минатиот месец од Германија ја презеде НАТО мисијата за чување на воздушниот простор.

 

– Посветени сме на одбрана на НАТО границите и ќе ги поддржиме нашите сојузници во одбивање на сите закани, изјави министерот за оружани сили на Британија Марк Ланкестер. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.