Трамп ја предупредува Кина да не возвраќа на зголемените царини на кинескиот увоз

 Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја предупреди Кина да не го возвраќа ударот на зголемените царини, што ги наметна минатата недела.

 

Тој додаде дека американските потрошувачи нема да го плаќаат зголемувањето на царините за увозот на кинеските производи.

 

Нема причина за потрошувачите во САД да ги плаќаат царините кои денеска стапуваат во сила во Кина. Кина не треба да возврати бидејќи ќе биде уште полошо, напиша Трамп на Твитер и додаде дека царините би можеле да се избегнат ако производителите ги пренасочат производите од Кина во други земји.
Трамп тврди дека му кажал на кинескиот претседател Си Џинпинг и на своите пријатели во таа земја дека Кина ќе биде многу погодена доколку не се постигне договор бидејќи компаниите ќе бидат принудени да ја напуштат Кина и да одат во други земји.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.