Пакистан обезбеди шест милијарди долари од ММФ за да спречи економска криза

Пакистан и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) постигнаа согласност за пакет за спас од шест милијарди долари со цел заживување на економијата во Јужна Азија, која се соочува со економска криза, соопштија денеска двете страни.

 

Договорот вчера го постигнаа пакистанското Министерство за финансии и мисијата на ММФ која е во посета на Исламабад, по неколку рунди преговори.

ММФ ќе обезбеди финансиска помош во период од 39 месеци, а земјата ќе мора да се придржува до договорените економски реформи, изјави шефот за финансии на Пакистан, Хафез Шаик.

 

Според договорот, Пакистан ќе се откаже од контролата на централната банка врз валутата со цел да се усвои курс кој ќе биде врз основа на пазарот, да ги приватизира загубарите и да ги намали или укине субвенциите во енергетскиот сектор и земјоделството.

Светската банка и Азиската банка за развој ќе обезбедат до три милијарди долари дополнителна помош во согласност со договорот со Фондот, додаде Шаик.

 

Парите сé уште не се доволни за да се покрие финансиската дупка на Пакистан која изнесува 12 милијарди долари, но земјата најверојатно ќе добие паричен поттик и од сојузниците како Кина и богатите муслимански нации во Заливот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.