Шестмина загинати при уривање на мал авион во Тексас

Пилотот и петтемина патници на мал авион загинаа денеска при уривање на леталото на 10 километри од аеродромот во градот Кервил во централниот дел на американската сојузна држава Тексас.

 

Американската Сојузна воздухопловна управа (ФФА) соопшти дека авионот се урнал околу девет часот по локално време (16 часот по средноевропско време), кога се приближувал кон аеродромот во Кервил, што се наоѓа на околу 110 километри северозападно од Сан Антонио.

 

Причините за уривањето на двомоторниот авион засега не се познати, а агенти на ФАА и на Националниот комитет за безбедност на сообраќајот започнаа истрага за инцидентот.

 

Авионот полетал од аеродром во близината на Хјустон, а се урнал додека се подготвувал за слетување во Кервил.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.