Најмалку 17 загинати во свлечиште во Колумбија
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 22 Април 2019
Најмалку 17 лица загинаа, а 13 исчезнаа при лизгање на земјиште во Колумбија, предизвикано од обилни врнежи од дожд, соопштија денеска властите.
Свлечиштето вчера зафати неколку куќи во југозападниот дел на земјата, околу 630 километри од Богота.
Претседателот на Колумбија Иван Дуке го посети местото на несреќата и рече дека е упатена помош за загрозеното население.
Спасувачките екипи ја продолжуваат акцијата за потрага по исчезнатите.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс