Демонстрантите од пред албанскиот Парламент се префрлија пред полицијата во Тирана

По три и полчасовен протест пред зградата на албанскиот Парламент, приврзаниците на обединетата опозиција се префрли пред Полицискиот директорат во Тирана.

 

Демонстрантите бараат ослободување на неколкумината уапсени по претходниот протест.

 

Учесниците на протестот фрлале со тврди предмети кон зградата, при што се скршени стаклата на неколку прозорци.

 

Демонстрантите извикуваат „Ослободете ги нашите браќа“ и „Нема да си одиме се додека не ги ослободите“.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.