Меркел: Одлагање на Брегзит под еден услов

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека лидерите на ЕУ најверојатно ќе го одобрат барањето на Велика Британија за тримесечно одлагање на Брегзит, под услов британскиот Парламент да го поддржи Договорот што го постигнаа Владата на премиерката Тереза Меј и ЕУ.

 

– Во принцип, можеме да се согласиме со тоа барање ако следната недела добиеме позитивен исход од гласањето за Договорот во британскиот Парламент, рече Меркел во Бундестагот во пресрет на Самитот на ЕУ во Брисел.

 

Таа истакна дека евентуалното одлагање на Брегзит до 30 јуни ќе го опфати и периодот кога се одржуваат избори за Европскиот парламент, што, како што нагласи, „значи дека мора да се почитува иднината и правната сигурност на изборите“.

 

Меркел повтори дека цврсто се противи на сценариото – Брегзит без никаков договор, бидејќи тоа ќе им наштети на интересите на Германија, како и на Велика Британија.

 

– Убедена сум дека дека ни треба уредно заминување на Обединетото Кралство. Тоа не е само во интерес на Велика Британија, туку и на Германија, особено на Германија и на 27-те членки на ЕУ, рече Меркел.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.