Трамп: Казна за Кина на неопределено време

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека казнени мерки наметнати врз царинските давачки на Кина можат да останат на сила подолг период, не прецизирајќи колку точно.

 

Трамп сака да ја задржи казнената царина за кинеска стока во вредност од околу 250 милијарди долари, наведувајќи дека САД сакаат да бидат сигурни дека ќе биде постигнат договор со Кина. Американскиот претседател истакна дека преговорите со Пекинг се интензивирани и дека сè се одвива непречено.

 

– Американскиот министер за финансии Стивен Мнучи и преговарачот Роберт Лајтхајзер следниот викенд ќе го посетат Пекинг, изјави Трамп, додавајќи дека наредните недели очекува и постигнување договор.

 

Трамп и претседателот на Кина Си Џинпинг, чии земји започнаа трговска војна со взаемно воведување на царини, се договорија на 1 декември да го прекинат дополнителното зголемување на царинските давачки на 90 дена, додека траат преговорите за решавање на трговскиот спор.

 

Рокот истече на 1 март, а Трамп пред тој датум рече дека рокот е продолжен, бидејќи тој позитивно го оценил текот на преговорите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.