ОБСЕ: Откажувањето на албанската опозиција од пратеничките мандати e чин без преседан

Амбасадорот на ОБСЕ во Тирана, Бернд Бошард откажувањето на албанската опозицијата од пратеничките мандати го оцени како чин без преседан и лош пример за регионот.

 

– Тоа беше критикувано од страна на сите меѓународни претставници, бидејќи тоа е фитил кој фрли пламен врз сите парламентарни системи, изјави Бошард.

 

На прашањето дали ОБСЕ ќе ги признае локалните избори во случај опозицијата да ги бојкотира, тој наведе дека тоа зависи од начинот како ќе се одвиваат изборите и од оценката на нивните набљудувачи.

 

– Тоа воопшто не можам да го предвидам. Прво, ни најмалку не охрабруваме бојкот на изборите. Долго време, Албанија е столб или симбол на стабилност во регионот и сега гледаме дејствување во Парламентот без преседан. Тоа е критикувано од целата меѓународна заедница, бидејќи го запали фитилот кој фрли пламен во целиот систем на парламентарна демократија. Пратениците одлучија да се откажат од мандатите по две години, следниот пат ќе најдат аргументи за да донесат таква одлука по шест месеци или 10 месеци, а тоа ќе биде лош пример за целиот регион. Знаете дека во многу земји постои опозиција која го бојкотира Парламентот и ова не функционира, бидејќи тоа не е суштината на парламентарната демократија, изјави шефот на Мисијата на ОБСЕ во Тирана.

 

Тој одговори и на прашањето дали ќе биде легитимно усвојувањето на изборната реформа со новите пратеници кои ги пополнија дел од испразнетите места во Собранието.

 

– Законски да. Но, дали е политички зрела одлука, тоа е друго прашање, бидејќи всушност ние го поттикнуваме дијалогот за изборните реформи, истакна Бошард.

 

Деновиве по пополнувањето на дел од пратеничките места во албанскиот законодавен дом, од кои се откажа опозицијата, со кандидати кои се подолу на гласачките ливчиња, амбасадорот Бошард, изјави дека Парламентот е легитимен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.