Поплави однесоа 73 животи, 60 лица се водат како исчезнати во Индонезија

Најмалку 73 лица загинаа, а 60 се водат како исчезнати во поплавите, кои ја погодија источната индонезиска провинција Папуа.

 

Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до оддалечените делови од провинцијата и стравуваат дека бројот на жртвите ќе биде поголем.

 

Поради лизгање на земјиштето и откорнати дрвја, патиштата се блокирани, а поплавите оштетија два моста и повеќе од 100 куќи.

 

Повеќе од 4.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

 

Според жителите, силниот дожд почнал да паѓа вечерта во саботата и не запрел цела ноќ, што предизвикало лизгање на земјиште и поплави.

 

Потрагата за жртви продолжи во Сентана, едно од најтешко погодените места.

 

Во тоа место најмалку 51 лице загина, информираат локалните власти.

 

Седум лица загинаа во близина на главниот град на покраината Џајапура, каде што беше спасено петмесечно бебе, кое неколку часа беше под урнатини





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.