Израел го лансираше прво беспилотно летало на Месечината

Израел го лансираше првото беспилотно летало на Месечината. Ако израелската мисија биде успешна, таа ќе стане четврта земја, по САД, Русија и Кина, на која и успеало тоа.

 

Леталото беше лансирано од Флорида рано утрово, а на ракета Фалкон 9 во сопственост на Илон Маск. На Месечината треба да слета за два месеца.

 

Освен ракета, лансирани се уште две сателита.

 

Леталото, кое се вика „Беретштет”, е со големината на машината за перење и тежината од 585 килограми.

 

Тоа содржи капсула со стотици дигитални датотеки. По слетувањето на Месечината, леталото ќе започне да фотографира и да го мери магнетното поле на Месечината.Сите податоци ќе бидат споделени со Националната вселенска агенција на САД (НАСА).

 

На овој проект лансирање, осум години соработуваа непрофитната компанија Спејсел и израелската аеровселенска индустрија.

 

По лансирањето на ракетата, беа лансирани уште два сателита.

 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го следеше лансирањето преку емитување во живо од израелскиот контролен центар во Тел Авив.

 

-Ова е голем чекор за Израел, но и огромен чекор за израелската технологија, рече Нетанјаху. 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.