Салвини: Примањето бегалци во ЕУ е самоубиствено однесување

Прифаќањето нови бегалци во Европа е самоубиствено однесување, оцени италијанскиот вицепремиер Матео Салвини на синоќешната заедничка прес – конференција со полскиот министер за внатрешни работи  Јоахим Бруџински.

 

Тој истакана и дека како министер за внатрешни работи на Италија нема да дозволи примање мигранти.

 

– Како министер никогаш нема да се согласам на примање нови мигранти. Се согласувам со полските колеги дека е потребно да ја забрзаме постапката за депортација, рече Салвини по средбата со Бруџински.

 

Италијалниот министер на прес – конференцијата рече дека примањето нови бегалци е „ризик од типот на пилот камиказе“.

 

Полскиот министар изјави дека со Салвини го разгледал проблемот на миграцијата, посебно состојбата во северна Африка и на Блискиот исток и оти како членки на Европската унија со надворешна граница, Италија и Полска имаат слични проблеми.

 

– Би сакал посебно да нагласам дека Полска смета дека најефикасна помош за проблемите на лицата засегнати од воени судири е да им се помогне на место, значи на тоа место каде ги погодува реалната трагедија, рече Бруџински.

 

Тој нагласи дека Полска секоја година ги зголемува финансиските средства за хуманитарна и развојна помош, дека во 2017 година хуманитарната помош  била шест пати поголема од 2015 кога почна бегалската криза и оти хуманитарната помош достигнала 41,5 милиони евра.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.