Тереза ​​Меј го преживеа гласањето за доверба

Премиерката Тереза ​​Меј го преживеа гласањето за доверба. Иако имаше незадоволство од постигнатиот договор за Брегзит, конзервативците ја поддржаа Меј.

 

Лидерот на парламентарното обединување Греам Брејди соопшти дека за Меј гласале 200 пратеници, а против биле 117. За да остане на чело на партијата и владата, таа мораше да добие просто мнозинство плус еден глас (најмалку 159 пратеници од 317) . Причината за бараното гласање за доверба е незадоволството на 48 пратеници конзервативци. Тие не беа согласни со начинот на кој Тереза ​​Меј ги водеше преговорите со ЕУ за Брегзит.

Така британската премиерка останува лидер на Конзервативната партија барем до следната година.

Тереза ​​може да се пензионира пред изборите во 2022 година.

Во емотивно обраќање пред гласањето, премиерката објасни дека нема да ја води партијата на следните избори во 2022-ра година, но сега би сакала да остане на чело, за да ја извади Велика Британија од Европската унија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.