101-годишна баба ја прашала Меркел: Дали си жена на Макрон? (ФОТО)

Германската канцеларка Ангела Меркел се нашла во интересна ситуација за време на церемонијата на одбележувањето на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна.

 

101-годишна Французинка помислила дека таа е сопруга на францускиот претседател Емануел Макрон, објави Гардијан.

"Неверојатно е. Обична жена како мене да се ракува со претседателот на Франција. Ќе плачам ", старата жена му се обратила на Макрон.

Потоа ја запрашала Меркел: "Дали сте г-ѓа Макрон?"

Откако Ангела Меркел и објаснила дека всушност е германската канцеларка, жената не можела да ја скрие возбудата од средбата со нив.

"Малку е веројатно тоа да и се случи на обична жена како мене. Благодарам ", рекла 101-годишната Французинка.

Средбата завршила со заедничка фотографија.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.