Турција: Ужасната свирепост врз Кашоги која се слуша на аудио снимките би можела да биде спроведена само од издрогиран убиец

 

АНКАРА, Турција - Аудио снимките од убиството на новинарот Џамал Кашоги се толку ужасни што еден официјален саудиски истражител кој работи на случајот дал мислење дека убиецот за да би бил спосебен да изврши такво злосторство сигурно бил издрогиран со хероин.

 

Ова нешто го споделил претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган во разговор со новинари во неговиот авион додека се враќал од комеморацијата за Првата Светска Војна во Парис. Исто така додал дека Турција ги споделила аудио снимките поврзани со убиството на Кашоги со Саудиска Арабија и други нации, вклучувајќи ги САД, Британија, Франција, Германија и Канада.

 

 

„Снимките се навистина ужасувачки! Кога истражителот од Саудиска Арабија ги слушаше снимките беше толку шокиран што рече ’овој мора да е на хероин! Само некој што е издрогиран со хероин може да е способен на вакво нешто’.“ -рекол Ердоган. Турција смета дека Кашоги, кој пишуваше колумни за Вашингтон Пост и често го критикуваше принцот на круната на Саудиска Арабија, бил убиен од атентаторски одред од 15 члена испратен од главниот град Ријад. Анкара инсистира дека наредбите за убиството се дадени од највисоките нивоа на саудиската власт, но не од Крал Салман.

 

 

Официјална Турција смета дека од страна на 15 члениот атентаторски одред Кашоги бил задавен и исечен на парчиња во конзулатот. Медиите пренесоа и за можност неговото тело да било и хемиски растворено и истурено во канализацијата бидејќи сеуште не е најдено. Ердоган вели дека Турција „трпеливо“ чека саудискиот кралски принц Мухамед бин Салман да го расветли убиството кое се случи во саудискиот конзулат во Истамбул минатиот месец. Врз Принцот се упатуваат критики поради негово знаење за убиството, кое инволвира некои членови од неговото најблиско обезбедување.

 

 

Под влијание на растечкит притисок Саудиска Арабија ги промени своите изјави во однос на убиството на Кашоги. Прво рекоа дека тој излегол од амбасадата дента кога исчезнал, за потоа да признаат дека Кашоги умрел внатре во конзулатот. Сега признаваат дека смртта на новинарот била планирана.

 

Официјални саудиски лица го карактеризираа убиството како злосторничка криминална операција извршена од саудиски агенти кои ги надминале сопствените овластувања.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.