Во наредните два дена можен договор за Брегзит

Заменикот на британската премиерка Тереза Меј, Дејвид Ливингтон, за Би-би-си  изјави дека договор е „можен, но не дефинтивен“ во наредните 24 до 48 часа помеѓу Европска унија и Обединетото Кралство за Брегзит.

 

Во овој случај ЕУ би можела да свика вонреден самит до крајот на ноември.

 

Договор за Брегзит е речиси на опипливо растојание, но се уште не сме таму, изјави Ливингтон за Би-би-си.


Дипломатски извори во Брисел ги брифираат новинарите со слични информации. Според нив постигнат е доволен прогрес, но сепак остануваат точки на несогласување. Главната од нив е ирската граница.

 

Според  „Евроњуз“,  извори во Брисел порачале дека е можно е утре да му се презентира договорот на официјален Лондон. Во тој случај, и доколку Лондон го прифати компромисот, би се фатил рокот за свикување Европски Совет до крајот на ноември. Евроњуз истакнува дека постои песимизам во Брисел околу тоа дали планот би бил прифатлив за Обединетото Кралство.

 

Претседателот Доналд Туск порача дека среда навечер е рокот за да може да се одржи самит за Брегзит во ноември.

 

Доколку се фати рокот, Обединетото Кралство би можело да ја напушти ЕУ на „уреден начин“ на крајот на март односно со претходно постигнат договор помеѓу двете страни. Доколу двете страни не постигнат договор пред крајот на март, тогаш во оптег е Брегзит без договор, опција која се смета за поризична.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.