Протест против дилерите на дрога! Се мобилизираа граѓаните на Аранѓеловац

По трагичната смрт на 15-годишно девојче кое земало дрога екстази, граѓаните на српскиот град Аранѓеловац подготвија список со имињата на дилерите на дрога.

 

Смртта на девојчето беше повод граѓаните, пред се родителите да се почнат војна против дилерите на дрога.

 

Тие подготвија список со имиња на лица кои продаваат дрога во Аранѓеловац,  со нивните регистарски таблички и листата ја предадоа во полиција.

 

Граѓаните вечерва организираа и марш во Аранѓеловац во знак на протест поради зачестената продажба на наркотици во градот.

 

Тие носеа транспаренти „Дрогата е смрт" и порачаа „Родители не свртувајте ја главата, разговарајте со децата".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.