Авион на компанијата „Трансавија" принудно слета на аеродром во јужна Португалија

Авион на компанијата „Трансавија" денеска принудно слета на аеродромот во Фару, јужна Португалија.

 

– Боинг 737 со 149 патници беше принуден да отстапи од својата маршрута поради проблеми со притисокот во авионот и принудно слета во Фару, стои во соопштение на португалската воена авијација.

 

Авионот полетал утрово од аеродромот во Фуншал на португалскиот остров Мадеира, кон Амстердам.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.