Животна драма: Светски познатиот готвач Џејми Оливер банкротира, затвора ресторани и отпушта работници!

Сметката ми е празна. Веќе не смеам да ризикувам, изјави познатиот готвач Џејми Оливер.

 

Тој веќе подолго време се соочува со сериозни финансиски проблеми. Откако минатата година неговиот синџир на ресторани се соочи со банкрот, Оливер вложи 12,7 милиони фунти, односно сите свои заштедени пари за да го спаси своето царство.

 

Но, тоа остави сериозни последици, сега останал без ниедна фунта.

 

- Немам веќе пари за дополнителна поддршка на рестораните.” , изјави Оливер. Ништо не ми остана на сметката. Не смеам веќе да рескирам и да ги загрозам луѓето кои работат за мене. “ , заклучи готвачот.

 

Првиот ресторан наречен Jamie's Italian тој го отвори во 2008, а на почетокот на годинава беше принуден да затвори дури 12 свои претставништва поради долг од 71,5 милиони фунти.

 

Притоа отказ добија околу 600 вработени во неговите ресторани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.