Во Брисел се одржува самит на држави на Европа и Азија

Во Брисел вечерва почнува 12. самит на европски и азиски држави - Самит на Европа и Азија (АСЕМ), на кој ќе учествуваат претставници на 51 земја.

Станува збор за неколкудневен собир на кој лидерите ќе разменат мислења за соработката и заедничките предизвици во Европа и во Азија.

Главни теми ќе бидат политичката, економската, финансиската, социјалната и културолошката соработка.

Во рамки на собирот под назив „Глобални партнери за глобални предизвици“, лидерите ќе разговараат како Европа и Азија можат да соработуваат преку трите столба на АСЕМ - политичкиот, економскиот и финансискиот, како и општествениот и културолошкиот.

Останати теми за дискусија се и одржливиот развој и климата, како и безбедносните предизвици против тероризмот, кибер безбедноста и илегалната миграција.

На маргините на АСЕМ се очекува и потпишување билатерални договори, вклучувајќи ги и тие за слободна трговија, заштита на инвестициите, како и договори за партнерство и соработка со Сингапур.

Европската унија на самитот ќе ја пратставуваат претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, како и еврокомесарот за надвореша политика Федерика Могерини и потпретседателот на ЕК, Јурки Катаинен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.