Коѕијас упати остра порака на Македонија: Нема решение за името без ратификација на договорот

Скопје мора  да разбере дека решение за името нема да има без ратификација на Преспанскиот договор, рече денеска грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коцијас.

 

Тој тоа го кажа на состанокот на министрите за надворешни работи во Луксембург, зборувајќи за билатерален договор кој ќе мора да добие зелено светло и од македонскиот и од грчкиот парламент, објави АНА.

 

На состанокот во Луксембург, министрите за надворешни работи разговараа за резултатите од референдумот што се одржа во Македонија на 30-ти септември, кога одѕивот беше мал, но беше дадена голема поддршка на договорот.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.