Заложничка криза во Келн, блокиран реонот околу железничката станица

Германската полиција го блокира реонот околу железничката станица во Келн поради заложничка криза.

 

Регионалната полиција објави на Твитер дека полициски единици се наоѓаат на лице место, како и дека заложник е одведен на плоштадот во близина на железничката станица.

- Претпоставуваме дека е земен заложник или во Мекдоналдс или во блиската аптека. Најверојатно за заложник е земена една жена, но немаме повеќе информации, изјави портпаролката на полицијата.

Во меѓувреме, германскиот магазин „Фокус“ објави дека на железничката станица се слушнале истрели. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.