Инфантино: Со СП на две години ќе има помалку мигранти кои умираат на морињата

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино шокантно тврди дека промената на фудбалскиот календар, и оддржувањето на Светските првенства на секое две години ќе значат дека помалку Африканци ќе се обидуваат да мигрираат во Европа и така ќе се спречи ризикот од нивно загинување во Медитеранот.

Инфантино зборуваше за својот амбициозен, но и контроверзен план за Мундијал на две години на Советот на Европа во Стразбур, објаснувајќи дека неговите предлози ќе дадат на фудбалскиот свет надвор од Европа надеж.

 

 

„Мораме да дадеме надеж на Африканците за да не мора да го преминуваат Медитеранот за да најдат подобар живот, а најверојатно смрт на море. Мораме да им дадеме шанси за достоинство, не со добротворни акции, туку со тоа што ќе дадеме на остатокот на светот шанса да учествува“, вели меѓу другото Инфантино.

Токму во Европа, но и во Јужна Америка, неговите планови наидоа на најголем отпор, бидејќи развиените фудбалски нации сметаат дека со често оддржување на СП ќе се загуби на важноста на турнирот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.