Ѓоковиќ ќе ја тужи Австралија за 3.800.000 евра

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ќе ја тужи владата на Австралија. Ѓоковиќ во неделата беше депортиран од Австралија. Федералниот суд објасни дека претставувал закана за јавното здравје.

Англискиот таблоид „Сан“, повикувајќи се на извори блиски до Ѓоковиќ, тврди дека тенисерот ќе бара 3.800.000 евра од владата на Австралија.

 

 

Ѓоковиќ ќе ги тужел поради лошиот третман.

„Познато е дека Ѓоковиќ и неговото семејство сметаат оти имал лош третман во хотелот за имигранти во Мелбурн. Мајка му откри дека хотелот бил полн со инсекти. Го држеа како затвореник“, пишува „Сан“.

Таблоидот наведува дека информациите ги добиле од личност што е пријател со менаџерот на Ѓоковиќ, Адоард Артлади.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.