Рајола најавува голем трансфер – Де Лихт од јануари во Барселона

Каталонскиот „Ел Насионал“, во јануарскиот преоден рок, најавува вистинска трансфер-бомба. Главен актер е клиент на контроверзниот менаџер, Мино Рајола.

Според овој извор, Рајола е во контакт со луѓето од Барселона, околу евентуалниот трансфер на Матијас Де Лихт.

Холандскиот репрезентативец не бил задоволен од статусот што го има во Јувентус. Од почетокот на сезоната одиграл само 669 минути. Предност кај Масимилијано Алегри имаат ветераните Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи.

Барселона сакаше да го донесе Де Лихт и во 2019 година, меѓутоа Рајола тогаш ја прифати понудата од Јувентус. „Страта дама“ за Де Лихт плати 75.000.000 евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.