По економската „бомба“ во Ла лига, Барса уште денеска може да потпише со Меси!

Шпанската Ла лига успеа да добие финансиска инјекција од 2.7 милијарди евра по склучувањето на договорот со американската „ЦВЦ Капитал партнерс“, што во исто време е одлична вест за Барселона, која се обидува да го комплетира новиот договор на Лионел Меси.

По преговори подолги од една година, инвестицијата веднаш ќе биде пренесена на тимовите кога ќе биде одобрена – 15 отсто од 2.7 милијарди евра веднаш можат да се искористат за засилување на клубовите, додека останакот ќе оди на подобрување на инфраструктурата на клубовите.

Инвестицијата ја цени шпанската прва лига на фантастични 24 милијарди евра, а доаѓа така што „ЦВЦ“ го преземе ризикот – тие ги внесуваат парите во лигата, која потоа ќе треба да плати процент од профитот. Нема гаранции за инвеститорите.

Од сумата за клубовите, Барселона ќе добие околу 270 милиони евра, додека Реал Мадрид нешто помалку – 261 милиони евра. Според „Марка“, оваа вест посебно ги израдувала во каталонскиот клуб, кој може да го потврди новиот договор на Меси уште денеска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.