Ериксен ги посети колегите во Интер

Данскиот ас Кристијан Ериксен денеска се врати во Сунинг тренинг-центарот во Апијано Џентиле, каде што се сретнал со вработените во Интер, со новиот тренер Симоне Инзаги и со своите соиграчи.

Клубот потврди дека фудбалерот од средниот ред, кој доби срцев напад на првиот меч на Данска на ЕУРО 2020 и мораше да биде враќан во живот, ќе работи според советите на данските лекари од Копенхаген, откако е невозможно да игра за Интер додека му е вграден минијатурен дефибрилатор во срцето.

„Утрово Кристијан Ериксен го посети тренинг-центарот во Апијано Џентиле, каде што се сретна со директорите, тренерот, соиграчите и сите во клубот. Тој е во одлична физичка и ментална форма и сега ќе продолжи со програмата предложена од лекарите во Копенхаген, со кои ќе се координираат сите наредни чекори“, велат од Интер.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.